Состојба или проблем што се опфаќа со обврската Главна цел Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Во согласност со Член 7 од Законот за користење на податоците од јавниот сектор, органите и институциите од јавниот сектор се должни до Министерството за информатичко општество и администрација да достават во електронска форма каталог на податоците кои ги создаваат во остварувањето на своите надлежности кои ги објавуваат за користење, вклучувајќи и датум за објавување на податоците (по податочни сетови) за нивно користење, динамика на нивно ажурирање (дневно, неделно, месечно и квартално) и поединечен линк, односно веб локација до местото каде што органот или институцијата од јавниот сектор ги објавува податоците. Нашето искуство од досегашната имплементација на оваа одредба покажува дека на органите и институциите од јавниот сектор им е потребна дополнителна помош при изготвување на овие каталози. Спроведување интерна анализа од страна на сите државни институции кои по Законот за користење на податоци од јавниот сектор се задолжени да објавуваат отворени податоци и изработка на соодветен Каталог на податочни сетови за секоја институција опфатена со мерката. Оваа мерка подразбира спроведување интерна анализа од страна на сите државни институции кои по Законот за користење на податоци од јавниот сектор се задолжени да објавуваат отворени податоци. Како резултат на интерната анализа, секоја институција треба да изработи свој Каталог на податочни сетови, како насока за тоа кои податочни сетови треба да ги прибира и објавува во иднина. Каталогот треба да се направи врз база на анализа на законската рамка која ја уредува работата на институцијата за водење на различни евиденции од нејзина надлежност, како и врз база на соработка со граѓанскиот и бизнис секторот од аспект на тоа кои специфични податоци од јавен интерес им се ним потребни. Со креирање на каталогот на податочни сетови за секоја институција ќе се добие јасна слика за сите достапни податочни сетови од институциите кои потоа ќе може да се рангираат и приоретизираат за објавување на порталот за отворени податоци. Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на пристапот, употребата и следењето на трендовите во однос на информациите и податоците од јавен карактер. 22

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents