Важност
Амбиција
Законот за заштита на укажувачи („Службен весник на
Република Македонија“ број 196/2015), е донесен на
09.11.2015 година, а со истиот се уредуваат заштитеното
пријавување во јавниот и приватниот сектор, правата на
укажувачите, како и постапувањето и должностите на
институциите, односно правните лица во врска со
заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на
укажувачите. Во март 2016 година Министерот за правда
ги донесе подзаконските акти кои произлегуваат од
Законот за заштита на укажувачи: Правилник за
заштитено внатрешно пријавување во институциите во
јавниот сектор („Службен весник на Република
Македонија“ број 46/16), Правилник за надворешно
пријавување
(„Службен
весник
на
Република
Македонија“ број 46/16) и Правилник за насоки за
донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно
пријавување во правното лице во приватниот сектор
(„Службен весник на Република Македонија“ број 46/16).
Примената на Законот за заштита на укажувачи и на
подзаконските акти коишто произлегуваат од него
започна на 18.03.2016 година.
На меѓународен план постојат повеќе акти како основа
за донесување на законско решение со кое ќе се
регулира пријавувањето и заштитата на пријавувачите
како што се Конвенцијата на Обединетите Нации за
борба против корупцијата, Цивилната конвенција за
спречување корупција и Казнената конвенција за
корупција на Советот на Европа, Нацрт- резолуција од
2009 година за заштита на лица кои пријавуваат
нерегуларности на Парламентарното собрание на
Советот на Европа.
Конвенцијата на Обединетите нации упатува на
институтот „Заштита на укажувачи“ (whistleblower
protection) во антикорупциската правна рамка. Со
донесувањето на Законот за заштита на укажувачите и со
донесувањето на подзаконските акти кои произлегуваат
од истиот, надградена е македонската антикорупциска
правна рамка.
Борбата против корупцијата ќе биде зајакната со
воспоставување на системот на заштитено пријавување и
системска институционална заштита на лицата кои
пријавуваат сомневање или сознание дека е извршено,
се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво
или друго незаконито или недозволиво постапување со
кое се повредува јавниот интерес.
Преку воспоставување на систем за
заштитено
пријавување и системска заштита на укажувачите, се
очекува успешна примена на законот. Спроведувањето и
резултатите од спроведувањето на Законот ќе се утврди
согласно Методологијата за оценка на спроведувањето
на регулативата и ќе се преземат мерки за унапредување
на примената на Законот за заштита на укажувачи.
Со оваа заложба се очекува зголемена доверба во
институциите од аспект на пријавувањето во истите за
30
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents