Главна цел Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност транспарентност за трошењето на јавните пари договорени во консултативен процес (да се објавуваат информации на интернет страниците на договорните органи со линк до ЕСЈН за склучените договори за јавни набавки, за огласите за јавни набавки, годишниот план за јавни набавки и да се пополни делот за реализирани договори на ЕСЈН). Да се обезбедат основни информации за трошењето на јавните пари на начин и место кои лесно се наоѓаат и разбираат од граѓаните. Со објавување на овие информации како задолжителна обврска за договорните органи, транспарентноста и отчетноста на институцијата нема да зависи од волјата на поединци. Објавување на информации за трошењето на јавните пари преку јавните набавки, исто така, е дел од заложбите на иницијативата Отворени набавки, која ја администрира Светската банка, а е слична на иницијативата за ОВП. Секој договорен орган, на својата интернет страница да го објави годишниот план за јавни набавки, информации со линк со ЕСЈН за огласите за јавни набавки и за склучените договори за јавни набавки и да се пополнува задолжително делот за реализирани договори на ЕСЈН. Ефективно управување со јавни средства Врска со Цел 17 ,,Партнерство за целите“ Таргет 17.1: Да се зголеми мобилизирањето (собирањето) на домашни ресурси, вклучително и преку меѓународна поддршка за земјите во развој за подобрување на домашниот капацитет за собирање на даноци и други приходи и цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на транспарентноста и отчетноста на институциите во управувањето со јавните финансии преку поголема транспарентност и отчетност во управувањето со јавните пари. Задолжителното објавувањето на овие информации кои сега се на доброволна основа ќе ги зголеми: - транспарентноста и отчетноста на државните институции за трошењето на јавните пари; - степенот на информираност на граѓаните за начинот на трошење на нивните пари; - интегритетот и довербата на институциите - ефикасноста во управување со јавните средства. 43

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents