ГО, приватен сектор, мултилатерални и работни групи Состојба или проблем што се опфаќа со обврската Главна цел Заинтересирани здруженија, фондации и нивни мрежи Секторските работни групи што се формирани за планирање и програмирање на ИПА 2 е потребно да се прошират со вклучување на транспарентно избрани претставници на здруженијата и фондациите, за да можат граѓанските организации да учествуваат. Иако за одделните нацрт-секторски плански документи се организираат консултации со граѓанскиот сектор по нивната изработка, тоа не овозможува учество на граѓанскиот сектор во сите фази на планирањето и програмирањето на претпристапната помош на ЕУ. Унапредување на вклученоста на граѓанскиот сектор во програмирањето на помошта од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија (ИПА II) Вклучувањето на граѓанското општество во процесот на програмирање е еден од предусловите за спроведување на Секторскиот пристап за ИПА 2 и во таа насока Владата на Република Македонија, на седниците одржани на 31.03.2015 и 14.07.2015 година, ја усвои и дополни рамката за составот на Секторските работни групи за програмирање, согласно која граѓанските организации се вклучени во составот на секторските работни групи (по потреба и одлука на институцијата која ја води Секторската работна група). Кус опис на обврската Со цел транспарентно и легитимно вклучување на граѓанските организации во работата на Секторските работни групи, Секретаријатот за европски прашања објави повик „Отворено со граѓанскиот сектор“, за регистрација на сите заинтересирани граѓански организации за консултации и учество во работните групи за ИПА 2. Листата на пријавените граѓански организации е објавена на нашата веб страна на следниот линк: http://www.sep.gov.mk/nvo-list/. Исто така врз основа на листата на пријавените граѓански организации, направен е индикативен преглед на делокругот на работа на пријавените граѓански организации и нивно поврзување со областите дефинирани со Секторските работни групи за ИПА 2. (во прилог) Со цел да се зголеми одговорноста и сопственоста во процесот на програмирање, објавената листа на граѓански организации, заедно со индикативниот преглед се доставени до Секторските работни групи, со 45

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents