Невладин сектор, деловни
субјекти, синдикати, стопански
комори, здруженија и
фондации
Состојба или проблем што се опфаќа со обврската
Главна цел
Кус опис на обврската
ОВП предизвик опфатен со обврската
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост
на жените - ЕСЕ
Трошење на средства од буџетот на Министерството за
здравство за услуги кои граѓаните не ги добиваат.
Воедно, се нотираат разлики помеѓу податоците од
извештаите за реализација на програмите на
Министерство за здравство од една страна на различни
извршители. Воедно, се нотираат и разликите помеѓу
извештаите и реалната имплементација.
Создавање на капацитети во Министерството за
здравство за примена на методологијата за социјална
отчетност со техничка помош и поддршка од
организација од невладиниот сектор која е овластена и
обучена за примена на истата методологија како
методологија призната и прифатена во развиените
држави.
Методологиите за социјална отчетност овозможуваат
мерење, следење, известување и унапредување на
перформанските во работењето на јавните институции.
Односно, овозможуваат да се следи реалната
имплементација и придобивките за граѓаните од
спроведувањето на програмите на Министерството за
здравство.
Со цел создавање на капацитети за примена на
методологиите на социјална отчетност, Министерството
за здравство со техничка помош од организација од
невладиниот сектор која е овластена и обучена за
примена на истата методологија ќе селектира 10 лица од
Министерството за здравство и од јавните здравствени
установи кои ќе учествуваат на обуката за социјална
отчетност.
Со цел пилотирање на една од методологиите за
социјална отчетност која ќе биде селектиран�� од
Министерството за здравство, Министерството за
здравство ќе селектира една превентивна или куративна
програма и ќе ги задолжи 10-те лица кои учествувале на
обуката за социјална отчетност да подготоват план за
пилотирање на селектираната методологија и да ја
применат селектирната методологија на селектираната
програма.
Увид и евалуација во трошење на буџетските средства.
Врска со Цел 3,, Добро здравје и благосостојба Таргет 3.8
Да се постигне универзална здравствена заштита
вклучувајќи и заштита од финансиски ризик, пристап до
квалитетни неопходни здравствени услуги и пристап до
сигурни, ефективни и квалитетни како и пристапни
основни лекови и вакцини за сите и Цел 16 ,,Мир,
51
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents