ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Амбиција податоци. Ќе се обучат граѓанските организации за концептот на отворени податоци и како истите да се објавуваат. Ќе биде формирана мрежа на институции и ГО на централно и на локално ниво, која ќе го помогне процесот на воспоставување и примена на стандарди за транспарентност и отворени податоци на локално ниво. Спроведување на мерката преку широк консултативен процес, ставање во функција на нови технологии (исклучиво електронско објавување на податоците, како и нивна обработка во отворен формат) и зголемување на придобивките за граѓаните, бизнисот, локалните власти и воопшто за целата локална заедница. Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките од оваа заложба се придонесува кон поголема ефективност и транспарентност на институциите преку воспоставување и примена на стандарди за транспарентност и отворени податоци на локално ниво. Локалната самоуправа во Република Македонија согласно Законот за локална самоуправа и другите секторски закони испорачува услуги за граѓаните во десет витални области и притоа врши околу сто и десет функции од кои што произлегуваат директни законски обврски за информирање, како и за транспарентно и отчетно работење. Информирањето, транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа се едни од основните принципи за добро управување на локално ниво, на што се има обврзано Република Македонија и со ратификувањето на Дополнителниот протокол за учество на граѓаните во работата на локалните власти, кој влезе на сила на 01.01.2016 година. Република Македонија генерално има позитивна законска рамка за информирање и консултација на граѓаните. За да се овозможи применливост во полн капацитет, потребни се институционални механизми и алатки кои што ќе го подигнат нивото на информираност на граѓаните, како и транспарентноста и отчетноста на локалните власти. Да се воспостават стандарди кои ќе обезбедат предвидливи, навремени, корисни, и обработливи податоци за работењето на локалните власти на ниво на сите единици на локалната самоуправа (ЕЛС), со што ќе се зголеми транспарентноста и отчетноста на ЕЛС, ќе се поттикне граѓанското учество, ќе се зголеми 57

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents