Согласно Временската рамка за изготвување на Акцискиот план за отворено владино
партнерство 2016-2018 година, процесот на ко - креација беше поделен во меѓусебно
поврзани фази во кои беа превземени следните активности:
ü Во февруари 2016 година, граѓанските организации беа поканети да земат учество во
Анкета за пред- проценка на потребите на работните групи за Отворено владино
партнерство, информираноста на граѓаните за иницијативата и изразување на интерес
за идно вклучување. Резултатите од анкетата се објавени на следниот линк.
ü Во месец март 2016 година се спроведе отворен дијалог со граѓанскиот сектор. Беа
спроведени три тематски работилници во кои активно учество земаа 110 претставници
од граѓанското општество во Македонија (невладини организации, бизниси, социјални
партнери, медиумите и академските институции) и дискутираа за предизвиците кои се
однесуваат на транспарентноста и отчетноста, слободата на информации, отворени
податоци, ефективни јавни услуги и добро владеење на локално ниво. На
работилниците беа идентификувани 38 предлози за кои граѓанското општество се
заложи да влезат во Акцискиот план за Отворено
владино
партнерство.
Работилниците беа искористени и за подигање на свест за Одржливите развојни цели.
ü На 23-24 март 2016 година се одржа Прв јавен настан - Конференција ,,Отворено
владино партнерство дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски
план 2016-2018". На конференцијата беше промовирана иницијативата Отворено
владино партнерство, се даде детална информација за остварениот прогрес на
Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2014-2016 година, претставник на
независниот механизам за известување го претстави Механизмот за независно
известување (IRM) како еден од клучните начини преку кои заинтересираните страни
може да го следат напредокот и влијанието кај владите кои учествуваат во
7
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents