Главна цел Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската обезбедуваат од централно ниво. Заради подобрување на услугите кон граѓаните, постои потреба повеќе чинители да се јават како даватели на социјални услуги, меѓу кои и ГО. Овој модел се практикува во многу земји со развиен граѓански сектор, со што се обезбедува соработка со ГО, одржливост на ГО, како и обезбедување на услуги на поефективен начин, без дополнително врзување на човечки ресурси. Во Република Македонија концептот на социјално претприемништво не е соодветно уреден во правниот систем, иако важноста на концептот и придобивките се признати во општеството. Не постои законска регулатива која сеопфатно ја регулираат оваа материја, иако во неколку закони и политики постојат одредби кои што придонесуваат за поддршка на идниот развој на социјалното претприемништво. Законот за здруженија на граѓани и фондации регулира можност невладините организации да имаат и бизнис активности, но искористувањето на овие можности е мало. Многу од невладините организации располагаат со ограничени ресурси и/или се соочуваат со зависност од еден донатор што ја намалува можноста за нивна долгорочна оддржливост. Подобрување на социјалните услуги кон граѓаните во Македонија согласно нивните потреби, а преку создавање на поволна правна средина за социјални договори, како и подобрување на националното законодавство и политиките преку развивање на механизми за социјални договори во областа на социјалната заштита во Република Македонија. Дополнително целта на мерката е и да се помогне во креирање на соодветна средина за социјално претприемништво на организациите од граѓанското општество (ГО) и да се подобри нивната одржливост, финансиска одржливост и социјално влијание Создавање и подобрување на условите за давање на социјални услуги преку креирање на модел за склучување на социјални договори во областа на заштита на децата и давање на социјални услуги. Решавање на социјални проблеми преку креативни решенија основани на бизнис логика а доставени од непрофитни организации. Преку воведувањето на овој модел се овозможува иновативен пристап за подобрување на квалитетот на испораката на социјални услуги, со вклучување на ГО, проширување на опфатот на социјалните услуги за маргинализирани групи, како и поголема финансиска одржливост на ГО. Од друга страна со оваа мерка се подобрува и олеснува пристапот на граѓаните кон социјалните услуги и нивна оддржливост. 73

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents