директно учество. Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Амбиција Достигнувања 6.3.1 Подготовка на Акциски планови за еднакви можности во 7 општини, креирани и спроведени со граѓанско учество. 6.3.2. Развој на модел за вклучување на родов пристап при учество на јавноста во креирање локални политики преку протоколи и листи за проверка и посебни родово одговорни формулари за идентификација на различните потреби и приоритети на мажите и жените. 6.3.3. Финансиска поддршка за 6 општини кои имаат прифатено институционален механизам за учество и консултација со граѓаните преку шема на грантови. (Поддршката ќе биде насочена кон дефинирање и имплементирање на еден проект во секоја од 6-те општини, кој ќе биде насочен кон социјално вклучување (инклузија) на маргинализираните групи граѓани, на начин што ќе ги интегрираат родовите прашања и прашањата поврзани со меѓу-етничката соработка но и доброто владеење воопшто). Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.7: Да се обезбеди репрезентативно одлучување на сите нивоа, со кое ќе се реагира на проблемите, а ќе биде засновано на вклученост и партиципација на засегнатите страни и Цел 5 ,, Родова еднаквост“ Таргет 5.5: Да се обезбеди целосно и ефективно учество на жените и еднакви можности за лидерство на сите нивоа на донесување одлуки во политичкиот, економскиот и јавниот живот Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на репрезентативното одлучување на локално ниво преку директно учество и заштита на правата на жените, одредени категории или групи граѓани . Подобрената функционалност ќе обезбеди поголема отвореност на овие тела кон граѓаните и нивните интереси, како и институционално артикулирање на нивните интереси кон локалните власти кои што се надлежни за нивно решавање, на начин кој што најмногу ќе им одговара на граѓаните. Функционални тела и механизми за институционална консултација на локално ниво (Комисии за еднакви можности, Комисии за односи меѓу заедниците, Совети на потрошувачи, месни заедници), преку кои со директно учество на граѓаните, локалните власти ќе можат да превенираат наместо да решаваат проблеми. Носител на активност Датум на започнување Датум на завршување МЛС, МТСП, ЖА, 07/2016 12/2016 МЛС, ЕЛС, ЦИКП, УН жени 07/2016 12/2016 МЛС, ЕЛС, УНДП 12/2017 12/2018 61

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents