Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност очекувани резултати Достигнувања Врска со Цел 1 ,,Да се сопре сиромаштијата во сите нејзини форми“ , Таргет 1.3: Да се имплементираат соодветни национални системи за социјална заштита и мерки за вклучување на сите и до 2030 да се постигне оддржлива покриеност на сиромашните и ранливите Со мерките од оваа заложба ќе се унапредат социјалните услуги кон граѓаните преку подобрување на националното законодавство. Креирањето на механизми за испорака на социјални услуги од страна на ГО ќе ја зголеми довербата и соработката помеѓу владините институции и граѓанскиот сектор и ќе придонесе кон поголемо користење на можноста за делегирање на функции/надлежности и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните. Со воведувањето на овој модел ќе се подобрат капацитетите на системот на социјална заштита, вклучување на различни субјекти во испораката на услуги, што директно ќе води кон поголема конкурентност и квалитет согласно специфичните потреби за социјална заштита на граѓаните. - Развиен документ (акциски план) со постапки за ефикасно спроведување на социјални договори за претстојните 3 години; - предлози за унапредување на правната рамка за социјална заштита во Република Македонија, во согласност со релевантните меѓународни стандарди и регулатива, со која се овозможува склучување на социјални договори во областа на социјалната заштита; - подготовка на предлог- подзаконски акти за стандарди за обезбедување на социјални услуги, предлог на постапки за регулирање на социјалните договори во областа на социјалната заштита, како и утврдување на услови и постапка за избор на други даватели на социјални услуги. - промоција на социјалните договори како модел за подобрување на квалитетот на социјалните услуги и одржливоста на граѓанското општество во Македонија и зајакнување на меѓусекторската соработка. - Зајакнати капацитети на 100 претставници на ГО, централната и локалната власт, институции и бизнис секторот преку обука, а заради успешно спроведување на моделот на социјални договори во областа на социјалната заштита. - Основање на бизнис активности и зајакнување на социјалното влијание на 10 ГО преку регрантирање на креативни решенија за решавање на социјални проблеми - Подобрена средина за социјално претприемништво Носител на Датум на Датум на 74

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents