иницијативата за Отворено владино партнерство и се создаде простор за дискусија
меѓу граѓанските организации и владините институции за искуствата и предизвиците во
спроведувањето на вториот акциски план и ко -креирање на предлог мерки за третиот
акциски план. Во текот на конференцијата во шест работни групи фацилитирани од
претставници од невладините организации беа дадени 66 предлози и насоки за
третиот акциски план за следните приоритетни теми: партиципативно креирање на
политики, отворени податоци, слобода на информации, спречување на корупцијата и
промовирање на доброто владеење, ефикасно управување со јавните ресурси
(фискална транспарентност) и отвореност на локално ниво. На конференцијата
учествуваа 97 претставници на државни институции и граѓански организации кои
работат во области релевантни за Отворено владино партнерство, како и
претставници на универзитети и дипломатски претставништва.
ü Во периодот од 24 март до 30 април 2016 година се спроведе процесот на дефинирање
на предлог мерките за првата нацрт верзија на Акцискиот план за Отворено владино
партнерство 2016-2018 година. Притоа се одржаа четири тематски работни состаноци,
управувани од страна на координаторите на поединечните приоритети од надлежните
владини институции. Претставниците на граѓанските организации и владините
институции кои дадоа свои предлози на тематските работилници и на првиот јавен
настан, во текот на работата се фокусираа на приоретизирање и дефинирање на
предлог мерките согласно критериумите од независниот механизам за известување.
Во оваа фаза беа дефинирани 19 заложби со 80 активности во 6 приоритетни теми2.
ü Во текот на месец април 2016 година заинтересираните страни имаа можност да
доставуваат свои коментари и забелешки на објавениота прва нацрт верзија на
акцискиот план. Известувањето за процесот на консултации е достапно на следниот
линк. Во текот на едномесечниот отворен on-line консултативен процес беа доставени
7 нови предлог мерки. Во истиот период коментари беа добиени од страна на
Одделението за поддршка во рамките на иницијативата за Отворено владино
партнерство кои беа проследени до сите работни групи за разгледување.
ü На 11 мај 2016 година се одржа Вториот јавен настан ,,Отворено владино партнерство
– дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016 – 2018“ на
кој се изврши презентација на првиот нацрт Национален Акциски план за Отворено
владино партнерство (2016-2018) изработен во соработка со граѓанските организации и
се оствари дискусија меѓу граѓанските организации и владините институции за
развивање на втора нацрт верзија на Акцискиот план. Учесниците работеа во шест
тематски групи: партиципативно креирање на политики, отворени податоци, слобода
на информации, спречување на корупција и промовирање на доброто владеење,
ефикасно управување со јавните ресурси (фискална транспарентност) и отвореност на
локално ниво. Групите беа формирани во зависност од интересите на претставниците,
со претходна регистрација. Во работните групи се дискутираа мерките кои беа
предложени и разработени за време на отворениот дијалог со граѓанските
организации на првиот дводневен јавен настан, мерките добиени за време на
едномесечниот консултативен период на порталот е-демокртија и предлозите кои беа
претставени на самиот настан. Исто така посебно внимание беше посветено на
Агендата за одржлив развој до 2030. Работните групи имаа можност да разменат
2
Партиципативно креирање на политики, Отворени податоци, Слобода на информации, Спречување на корупцијата и
промовирање на доброто владеење, Ефикасно управување со јавните ресурси (фискална транспарентност) и Отвореност на
локално ниво.
8
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents