да размислуваат и да предложат како мерките од Акцискиот план за Отворено владино
партнерство можат да бидат релевантни и усогласени со Агендата за одржлив развој.
Во текот на консултациите се дојде до заклучок дека една од 17-те глобални цели,
поконкретно целта 16 која гласи „Да се изградат ефективни, отчетни и инклузивни институции
на сите нивоа“ е експлицитно и специфично релевантна за Агендата за отворена влада.
Понатаму, беше констатирано дека напредокот кон секоја од глобалните развојни цели е тесно
поврзан со постоењето на транспарентни институции кои се отворени и отчетни кон граѓаните,
со потребата од активно учество на граѓаните и владеењето на правото.
Овој Акциски план поконкретно ги идентификува врските помеѓу Агендата за отворено
владино партнерство и развојните цели: 1„Без сиромаштија“, 5 „Родова еднаквост“, 6 „Чиста
вода и санитарни системи“, 13 ,,Климатска Акција“, 16 ,, Мир, правда и силни институции“ и 17
,,Партнерство за целите“, кои се објаснети во рамките на соодветните заложби за отворено
владино партнерство презентирани подолу. Интегрирањето на развојните цели во Отвореното
владино партнерство е направено според постојните глобално дефинирани развојни цели и
индикатори, бидејќи во моментот тече процесот на локализирањето на Одржливите развојни
цели за Македонија. Меѓутоа, идентификувањето на врските помеѓу мерките на Отвореното
владино партнерство и глобалните развојни цели кое се постигна во овој процес е голем
исчекор во унапредувањето на Одржливите развојни цели во Република Македонија и самиот
процес и исходот од истиот ќе бидат земени предвид во понатамошните чекори на Владата на
Република Македонија за локализирање на глобалните развојни цели во другите национални
политики. На тој начин, овој Акциски план за отворено владино партнерство започна важна
дебата за спроведување на Агендата за одржлив развој до 2030 и воедно главните чинители
искажаа подготвеност да продолжат со соработката во однос на поврзување на агендите за
отворена влада и одржлив развој и заеднички да го следат напредокот и резултатите од
процесот.
***
Преку широкиот консултативен процес на кој беа пресретнати искуствата и
предизвиците од претходните акциски
планови за отворено владино партнерство,
препораките од механизмот за независно известување, креативните предлози од
заинтересираните чинители, заложбата за интегрирање на oдржливите развојни цели и со
директна вклученост на 489 претставници од владиниот, граѓанскиот и приватниот сектор и
академските институции се подготви третиот национален Акциски план за отворено владино
партнерство за 2016-2018 година во кој се дефинирани 100 достигнувања, 34 заложби
разработени во 8 приоритетни теми.
Работата на отворена влада е континуирана заложба и овој акциски план содржи дел
од можните но амбициозни напори за промовирање на транспарентноста и отчетноста на
Владата. Овој документ ја промовира отвореноста и можноста за натамошно проширување и
продлабочување на подолу утврдените приоритети во тесна соработка со сите чинители во
сферата на Отвореното владино партнерство.
1. ПАРТИЦИПАТИВНО КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ
1.1 Унапредување на процесот за консултација со засегнатите страни во
процесот на креирање на политики
10
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents