Главна цел Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој заложбите, сеуште не се доволно транспарентни во своето работење, со тоа што информациите со кои располагаат не ги објавуваат на своите веб локации, со што документите кои ги поседуваат не се во целост достапни до граѓаните, односно барателите на информации од јавен карактер. Граѓанскиот сектор своите активности ги насочува кон подобрување на имплементацијата на Законот за СПИЈК, анализирајќи го проактивното објавување на информациите од јавен карактер на веб локациите на имателите, развивајќи и спроведувајќи кампањи и обуки за граѓаните, промовирајќи го правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Афирмирање и унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку соработка и заедничка промоција на правото за пристап до информации, поддржано од владиниот и граѓанскиот сектор. Подобрување на пристапот до информациите преку проактивно објавување на информациите од јавен карактер, преземање на мерки за зголемување на пристап до информациите од јавен карактер, информираноста на граѓаните, како и подобрување на Законот за СПИЈК се клучни фактори за имплементација на законот и уставното загарантирано право (член 16 од Уставот на Република Македонија) Подобра имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со активно вклучување на имателите на информации и граѓаните. Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори Со мерките од оваа заложба се придонесува за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер преку поефикасно спроведување на законите и подобра информираност на граѓаните. 26

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents