Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Постапувањето на надлежните тела, како и издвоените превентивни антикорупциски проекти и активности на граѓанскиот сектор, нема да ги дадат очекуваните резултати доколку не се воспостави одржлив систем на соработка меѓу сите релевантни актери, имајќи ги предвид спецификите на секој од нив, како и утврдените законски надлежности. Од особено значење е одржувањето на периодични координативни работни средби на кои ќе се дискутира за конкретни теми или проекти од областа на корупцијата и судирот на интереси со предлози и препораки за преземање на идни активности и мерки за подобрување на состојбите. Ова ќе придонесе за интензивирање на спроведувањето на воспоставената општа рамка за соработка за спречување на корупцијата, со видливи резултати и воспоставување системски пристап за размена на информации и податоци, предлози и препораки за кои ќе се дискутира и ќе се земат во предвид од релевантните чинители кои ги третираат прашањата од оваа област. Со цел нивна поголема вклученост, граѓанските организации треба да развијат методологии за следење на корупцијата како механизам и пристап за мерење на перцепциите на граѓаните и нивните искуствата во однос на изложеност на корупција. Граѓанските организации треба да ги пренесат искуствата од овие методологии и резултатите од нив за да можат истите да се вклучат во развивањето на еден сеопфатен и долгорочен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси и воспоставување на добро владеење. Во насока на информирање и запознавање на јавноста со ефектите од соработката ќе се организираат јавни настани-дебати, работилници и тематски конференции како и кампањи за јакнење на свеста на јавноста за корупцијата и судирот на интереси. Зајакнување на интегритетот воопшто преку одржливост и долгорочност на ефектите како резултат од соработката и учеството на граѓанските организации Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп. Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку воведување на систематски консултации со граѓанскиот сектор со цел заедничко дијагностицирање и адресирање на проблемите . ДКСК, со цел да го уреди начинот на соработка, координација и заеднички договорените активности со граѓанскиот сектор, во декември 2010 година иницира потпишување на Меморандум за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси со 17 ГО, а нивниот број заклучно со 2014 година е 22 ГО. Активностите опфатени со Меморандумот се однесуваат на размена на информации и иницијативи од областа на 37

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents