стандардизирани информации за јавните набавки на интернет страните на договорните
органи. Заложбата за фискална транспарентност останува во фокусот на овој акциски план.
Овие постигнувања преставуваат основа на која се надградуваат утврдените заложби и
достигнувања за периодот 2016-2018 година а воспоставениот систем за организација на
имплементацијата и следењето на заложбите со вториот Акцискиот план ќе продолжи во
Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година, со формирање на
работни групи за соодветни приоритетни области од планот.
3. РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ОТВОРЕНО ВЛАДИНО
ПАРТНЕРСТВО 2016-2018 ГОДИНА
Искуствата од претходните акциски планови и петте ,,СМАРТ“ препораки од
механизмот за независно известување1 беа основна водилка во организирање и
спроведување на процесот на подготовка и развој на заложбите во овој акциски план кој ги
адресира тековните општествени предизвици. Третиот Национален Акциски план за Отворено
владино партнерство 2016-2018 година вклучува широк спектар на активности кои Владата ќе
ги преземе следните две години се со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за
унапредување на транспарентноста на власта, подобрување на ефективноста на
институционалните механизми за јавно учество, поголемата вклученост на граѓаните во
процесот на донесување одлуки, буџетската транспарентност, управувањето со податоците и
чувањето регистри во државните и во јавните институции како и зголемување на стандардите
за интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани на Република Македонија.
Во создавањето на овој акциски план централно место зазедоа консултациите во и
надвор од Владата, вклучувајќи и широки консултации со министерствата и други органи на
државната управа, како и консултација со општата јавност, граѓанските организации,
академските институции и приватниот сектор. Во февруари 2016 година беше објавено
Известување за почеток на процесот за подготовка на третиот национален Акциски план за
Отворено владино партнерство 2016-2018 на порталот е-демократија и на веб страната на
Министерството за информатичко општество и администрација заедно со Временската рамка
за изготвување на Акцискиот план за отворено владино партнерство 2016-2018, со што и
официјално отпочина процесот на ко - креација на Третиот национален Акциски план за
отворено владино партнерство 2016-2018 година.
Приказ 1. Временска рамка за изготвување на Акцискиот план за отворено владино
партнерство 2016-2018 година
1
Извештај за напредокот на Македонија, подготвен од механизам за независно известување (2015)
6
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents