видувања и да ја утврдат релевантноста на предлог мерките од првата нацрт верзија на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година за целите утврдени во Агендата за одржлив развој до 2030. На настанот присуствуваа повеќе од 110 претставници од државни институции и граѓански организации кои работат во области релевантни за Отворено владино партнерство, како и претставници на универзитети и дипломатски претставништва и притоа беа развиени и предложени предлог мерки за втората нацрт верзија на Акцискиот план за периодот 2016-2018 година. ü Во периодот од 11 до 25 мај беа одржани ad hoc работни состаноци со цел доразработка и усогласување на ставовите по предлог мерките од страна на предлагачите и надлежните институции за спроведување. Во овој период беа дефинирани и 4 заложби за две нови теми и тоа ,,Јавни услуги“ и „Климатски промени“. Приказ 2. мерки Учесници на консултативни настани за ко - креација на предлог Државни институции 219 (45%) Невладини организации 224 (46%) Приватен сектор Универзитети 30 (6%) 9 (2%) Дипломатски претставништва 7 (1%) Во рамките на заложбите на Република Македонија за постигнување на Одржливите развојни цели како и прифаќањето на „Заедничката декларација за Отворена влада за спроведување на Агендата за одржлив развој до 2030“, во текот на подготовката на овој Акциски план Владата на Република Македонија се одлучи на пионерски напор за интегрирање на принципите за одржлив развој во Агендата за отворена влада. Во текот на консултативните настани организирани во периодот февруари-мај 2016, беа објаснети и популаризирани одржливите развојни цели и воедно учесниците беа поттикнати 9

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents