Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој
Врска со Цел 16. ,,Мир, правда и силни институции“
Таргет 16.7: Да се обезбеди репрезентативно одлучување
на сите нивоа, со кое ќе се реагира на проблемите, а ќе
биде засновано на вклученост и партиципација на
засегнатите страни
Со мерките од оваа заложба се придонесува кон
поквалитетно одлучување од страна на креаторите на
политики засновано на консултација со засегнатите
страни.
Важност
Процесот на консултации со засегнати страни овозможува
Владата да има пристап до нови извори на идеи,
информации и ресурси кои се важни во процесот на
креирање на политики и донесување на одлуки.
Афирмирањето и унапредувањето на воспоставените
практики и процедури за креирање на политики
поддржани од владиниот и јавниот сектор претставуваат
основа за унапредување на транспарентноста и
одговорноста на Владата пред јавноста. Исто така,
информатичката технологија која ги поддржува
воспоставените процедури за креирање на политики
овозможува поголема отвореност, навременост и
одговорност на јавниот сектор.
Амбиција
Достигнувања
Со оваа заложба се очекува во период од две години да се
зголеми отчетноста и отвореноста на владата преку
подобрување на процесот на спроведените консултации
со јавноста:
- во процесот на подготовка на ex ante и ex post проценка
на влијанието на регулативата преку подготовка и објава
на Годишен извештај за спроведени консултации,
- споделување на резултатите од независното следење на
отвореноста на Владини институции во процесите на
креирање политики и подготовка на закони од страна на
невладина организација,
- зголемување на рокот за консултација со засегнатите
страни во процесот на подготовка извештајот за
проценка на влијанието на регулативата и подготовката
на предлозите на закони
- објавување на информација од одржани седници на
Влада за утврдени предлози на закони, донесени
одлуки и други мерки
- објавување на основни податоци за граѓански
организации и деловни субјекти на веб страната на
Централен регистар на РМ.
Носител на
Датум на
Датум на
активност
започнување
завршување
12
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents