субјекти администрација ГО, приватен сектор, мултилатерални и работни групи Состојба или проблем што се опфаќа со обврската Главна цел Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Слободен софтвер Реактор Министерството за информатичко општество и администрација во текот на 2014 година постави модерна платформа за отворени податоци на која се објавуваат отворените податочни сетови од институциите. Од тогаш министерството одржа повеќе настани за промоција на порталот како и прв хакатон натпревар за развој на апликации на база на отворените податоци. И покрај тие активности, посетеноста на порталот е во просек од 700 поединечни посети месечно, далеку од посакуваните цели за посетеност. Ние сметаме дека ова се должи на недоволната популаризација на отворените податоци како концепт и малата свест кај граѓаните за значењето и потенцијалот на отворените податоци. Главна цел на оваа заложба е популаризирање на концептот на отворени податоци и поттикнување на граѓанскиот сектор и приватните компании за поголемо користење на овие податоци преку презентација на потенцијалот и значењето на отворените податоци. Кампања за популаризирање на отворените податоци кај граѓаните. Подигање на свеста за бенефитот од отворените податоци кај давателите (институциите) и корисниците (граѓаните и приватниот сектор) на податоците. Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.10: Да се обезбеди пристап до информации и заштита на фундаменталните слободи, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на пристапот до информациите и податоците од јавен карактер преку подигнување на јавната свест за значењето и ползата од отворените податоци. Од спроведените анализи и контакти со невладиниот сектор и граѓаните наше согледување е дека сеуште не се прави разлика помеѓу концептот на отворени податоци и концептот на слободен пристап до информации. Со цел зголемување на граѓанското учество и користење на отворените податоци, што би довело и до полесен пристап до информациите, јавна одговорност и поголема отвореност и отчет, сметаме дека е неопходно да се изврши дополнителна едукација 20

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents