Невладин сектор, деловни субјекти, синдикати, стопански комори, здруженија и фондации Состојба или проблем што се опфаќа со обврската Главна цел Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Транспарентност Интернешнл Македонија и други ГО Примената на Законот за заштита на укажувачи и на подзаконските акти коишто произлегуваат од него, започна на 18.03.2016 година. Со Законот за заштита на укажувачите на лицата кои се јавуваат во својство на укажувач им се гарантира заштита дека поради пријавувањето нема да бидат повредени нивните права, нема да им биде нанесена штета ним или на блиско лице и ќе уживаат заштита на нивните лични податоци и идентитетот. За имплементација на законот потребно е воспоставување и градење на систем за заштита на пријавувањето преку кој лицата ќе се осмелуваат да пријават незаконито, недозволиво или казниво постапување и ќе се им се обезбеди амбиент за пријавување без страв од последици по нивната безбедност, работното место или благосостојбата на нивните блиски. Ефикасна имплементација на Законот за заштита на укажувачи Имплеметацијата на Законот за заштита на укажувачи и подзаконските акти кои произлегуваат од него, преку воспоставување и градење на систем и механизми за заштитено пријавување и заштита на укажувачите, е од особено значење за јакнење на институционалната борба против корупцијата и воопшто за спречување на корупцијата како општествено штетна појава. Преку јакнењето на јавната свест за заштитеното пријавување, заштитата на укажувачите и нивното значење за превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес, ќе се поттикне и охрабри пријавувањето на казниво или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува јавниот интерес. Зголемување на јавната одговорност, интегритетот и довербата во јавниот и приватниот сектор Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“, Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на корупција и поткуп. Со мерките од оваа заложба се придонесува кон превенција и борба против корупцијата и заштитата на јавниот интерес преку ефикасна примена на системот на заштитеното пријавување и заштитата на укажувачите. 29

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents