комори, здруженија и
фондации
Состојба или проблем што се опфаќа со обврската
Главна цел
Кус опис на обврската
ОВП предизвик опфатен со обврската
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој
Важност
ДКСК ги објавува податоците за имотната состојба и
промените на имотната состојба на избраните и
именувани лица, но поради непостоење на софтверско
решение, не постои можност за увид и историски
преглед на сите пријавени промени во имотната состојба
од моментот на стапување на функција до престанокот
на вршење на функцијата на избраните и именуваните
лица.
Зголемена отчетност на избраните и именувани лица и
зголемена информираност на јавноста за нивната
имотна состојба
Отвореноста на податоците за анкетните листови на
избраните и именувани лица преку нивно хронолошко
објавување и историски преглед во континуитет, е
клучна за целосен увид и приказ на имотната состојба и
промените во имотната состојба на избраните и
именувани лица од моментот на стапување на функција
до престанокот на вршење на функцијата. Предуслов за
остварување на обврската е дизајнирање и
воспоставување на софтверско решение преку кое ќе се
овозможи увид на податоците во форма на отворени
податоци.
Зголемена отвореност на податоците за имотната
состојба на избрани и именувани лица
Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“,
Таргет 16.5: Значително намалување на сите форми на
корупција и поткуп.
Со мерките од оваа заложба се придонесува кон
превенција и борба против корупцијата и заштитата на
јавниот интерес преку зголемување на отчетноста и
одговорноста на избраните и именуваните лица кон
граѓаните
Во согласност со член 35 од Законот за спречување на
корупцијата, податоците од анкетниот лист и од
пријавата за промена во имотната состојба
претставуваат информации од јавен карактер, освен
податоците заштитени со закон. Податоците од
анкетните листови и од пријавите за промена во
имотната состојба, освен податоците заштитени со закон
на лицата од членот 33 став (1) на овој закон, се
објавуваат на веб страницата на ДКСК.
Со измените и дополнувањата на Законот за спречување
на корупцијата од јуни 2015 година, ДКСК води регистар
на избрани и именувани лица, кој претставува
единствена база на податоци за овие лица.
Со имплементацијата на овие норми, доставувањето на
32
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents