МЖСПП
МИОА
МКМ
МЛС
МП
МТСП
МФ
МЦМС
НВО
ОВП
ПВР
РМ
СЕП
УНДП
ЦИКП
ЦРМ
ЦУП
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за информатичко општество и администрација
Здружение за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија
Министерство за локална самоуправа
Министерство за правда
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Македонски центар за меѓународна соработка
Невладини организации
Отворено владино партнерство
Проценка на влијанието на регулативата
Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
Програмата за развој на Обединетите нации
Центар за истражување и креирање политики
Централен Регистар на Република Македонија
Центар за управување со промени
1. ВОВЕД
Република Македонија континуирано работи на подобрување на ефикасноста во
работењето на државните институции, зголемување на транспарентноста и пристапот до
информации, борбата против корупцијата и обезбедување на висок квалитет на јавните услуги
за граѓаните и бизнисите преку искористување на моќта на технологијата и иновациите.
Преку пристапување на глобалната доброволна инцијатива за Отворено владино
партнерство, Владата на Република Македонија се обврза и ја потврди својата заложба
континуирано да се подобрува и својата работа да ја темели на отворени, транспарентни,
сигурни и ефикасни владини институции, кои комуницираат и соработуваат со граѓаните.
Обврските во поглед на транспарентноста во вршењето на владините активности, како и
вклучување на граѓанскиот и приватниот сектор претставуваат високи приоритети во агендата
на Владата на Република Македонија. Граѓанскиот сектор акумулира огромна креативна
енергија која треба да се користи поактивно во јавниот сектор преку подобрување и негување
на културата на вклученост и почитувањето на правата на сите граѓани во процесот на
креирање политики и донесување одлуки, донесување закони и пристап до информации. Уште
поважно, Отвореното владино партнерство врши силно влијание врз иновациите, развојот и
конкурентноста.
Во изминатите години Владата на Република Македонија беше насочена кон
унапредување на транспарентностa на власта, поголем ангажман и вклученост на граѓаните во
процесот на донесување одлуки, воведување на поголеми стандарди на интегритет и поголем
пристап до технологија за сите граѓани на Република Македонија. Владата на Република
Македонија и со третиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 20162018 година останува на заложбата активно да работи на приоритетите кои се однесуваат на
партиципативното креирање политики на централно и локално ниво, интегритетот, отворените
4
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents