напомена дека можноста за соработка и со други релевантни граѓански организации или мрежи е отворена. Секторските работни групи имаат обврска да обезбедат вклучување на претставници на граѓанските здруженија и фондации во процесот на програмирање како дел од работните групи и за истото транспарентно да информираат пред започнување на процесот на програмирање. Ресорното министерство, координатор на работната група има обврска на почетокот на програмирањето да достави индикативна временска динамика на планираните состаноци на работните групи. Ресорното министерство координатор на работната група има обврска да подготви и објави критериуми врз основа на кои ги селектираат претставниците на граѓанските здруженија и фондации во Работните групи и ги објави избраните избраните граѓански организации или мрежи на својата веб страна. ОВП предизвик опфатен со обврската Ефикасно управување со јавните ресурси Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“ Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на транспарентноста на институциите преку воведување на инклузивен процес на програмирањето на странските фондови. Важност Мерката придонесува за граѓанското учество во програмирање и планирање на странска помош. Таа ќе обезбеди поголема легитимност и инклузивност на процесот на планирање и програмирање на претпристапната помош, преку непосредно вклучување на претставници на граѓанското општество во подготовката на секторските плански документи. Амбиција Достигнувања 5.4.1.Утврдување на транспарентен процес и објективни критериуми за вклучување на претставници на здруженијата и фондациите во - Создадени нови механизми за учество на граѓаните во управувањето со јавните ресурси - Примена на знаењата и податоците со кои располага граѓанскиот сектор за подобро идентификување на клучните општествени предизвици и начините за справување со нив - Зајакната меѓусебна доверба меѓу државата и граѓанскиот сектор како резултат на зголемената транспарентност и инклузивност на процесот на програмирање, и унапредување на квалитетот на демократијата Носители на Датум на Датум на активност започнување завршување СЕП/Координатор ите на секторските 07/2016 09/2016 работни групи/ 46

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents