податоци, фискалната транспарентност, слободата на информации и тоа преку помалубројни но мерливи, реалистични и предвидливи достигнувања. 2. ВЛАДИНИ НАПОРИ ЗА ОТВОРЕНО ПАРТНЕРСТВО Република Македонија пристапи кон глобалната Инцијатива за Отворено владино партнерство во 2011 година. Согласно обврските за сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива да достават Акциски планови за спроведување на мерките од инцијативата, Владата на Република Македонија во јуни 2012 година го усвои првиот Акцискиот план за Отворено владино партнерство а во мај 2014 година беше усвоен вториот Акциски план за Отворено владино партнерство за 2014-2016 година. Во спроведувањето на заложбите утврдени во вториот Акциски план за Отворено владино партнерство за 2014-2016 година освен Владата, активно учество земаа голем број на граѓански организации, преку рамноправно учество во работните групи формирани за таа цел. Со имплементација на плановите беа преземени голем број активности за градење на партнерски однос со граѓаните и компаниите во обликување на националните политики и креирање на националното законодавство, стратегии и инцијативи. Освен имплементацијата на стратешките документи, беа отворени и интерактивни веб портали за олеснување на процесот на консултација, за поголема транспарентност и можност за креирање форуми за размена на ставови и мислења. Ваквиот пристап секогаш продуцира добри резултати и поквалитетно законодавство, па оттука висок приоритет останува подобрувањето на механизмите кои овозможуваат унапредување на процесот на консултација и соработката со граѓанскиот сектор. Исто така, се воведе законско регулирање на заштитата на лицата што пријавуваат сомнежи за незаконско и недозволиво постапување, со што се обезбеди системска институционална заштитата на укажувачите. Понатамошен предизвик останува унапредувањето на отвореноста на институциите од централно и локално ниво преку темелно вклучување на јавноста во креирање на политиките на добро владеење, интегритет и превенција на ризиците за корупција. Во Република Македонија денес, постои законодавство со кое се гарантира пристапот до информации а институциите објавуваат широк спектар на информации на своите веб портали со што отвореноста кон граѓаните и компаниите не изостанува. Се воведоа отворените податоци и се овозможија механизми за приоретизирање на отворените податоци согласно потребите на граѓаните и компаниите, но секако ова останува највисокиот приоритет на Партнерството имајќи во предвид дека е предвидено креирање на стандарди за отворени податоци и дефинирање на лиценци за отворени податоци и нивно поставување на порталот за отворени податоци . Во делот на ефикасното управување со јавните ресурси посебно внимание се посвети на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите во однос на трошењето на јавните пари преку публикување на буџетски документи во отворен формат, објавување и наративно објаснување на реализацијата на здравствените програми и објавување на 5

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents