ОВП предизвик опфатен со обврската
Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој
Важност
Амбиција
податоци. Ќе се обучат граѓанските организации за
концептот на отворени податоци и како истите да се
објавуваат. Ќе биде формирана мрежа на институции
и ГО на централно и на локално ниво, која ќе го
помогне процесот на воспоставување и примена на
стандарди за транспарентност и отворени податоци
на локално ниво.
Спроведување на мерката преку широк консултативен
процес, ставање во функција на нови технологии
(исклучиво електронско објавување на податоците,
како и нивна обработка во отворен формат) и
зголемување на придобивките за граѓаните, бизнисот,
локалните власти и воопшто за целата локална
заедница.
Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции“,
Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и
транспарентни институции на сите нивоа.
Со мерките од оваа заложба се придонесува кон
поголема ефективност и транспарентност на
институциите преку воспоставување и примена на
стандарди за транспарентност и отворени податоци
на локално ниво.
Локалната самоуправа во Република Македонија
согласно Законот за локална самоуправа и другите
секторски закони испорачува услуги за граѓаните во
десет витални области и притоа врши околу сто и
десет функции од кои што произлегуваат директни
законски обврски за информирање, како и за
транспарентно и отчетно работење. Информирањето,
транспарентноста и отчетноста на локалната
самоуправа се едни од основните принципи за добро
управување на локално ниво, на што се има обврзано
Република Македонија и со ратификувањето на
Дополнителниот протокол за учество на граѓаните во
работата на локалните власти, кој влезе на сила на
01.01.2016 година. Република Македонија генерално
има позитивна законска рамка за информирање и
консултација на граѓаните. За да се овозможи
применливост во полн капацитет, потребни се
институционални механизми и алатки кои што ќе го
подигнат нивото на информираност на граѓаните, како
и транспарентноста и отчетноста на локалните власти.
Да се воспостават стандарди кои ќе обезбедат
предвидливи, навремени, корисни, и обработливи
податоци за работењето на локалните власти на ниво
на сите единици на локалната самоуправа (ЕЛС), со
што ќе се зголеми транспарентноста и отчетноста на
ЕЛС, ќе се поттикне граѓанското учество, ќе се зголеми
57
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents