Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Амбиција Достигнувања 6.5.1. Дефинирање на индикатори за Квалитет на животот; собирање на податоци во општините и креирање на датабаза со податоци од сите општини. 6.5.2. Зајакнување на капацитетите на засегнатите страни (општините) да ги координираат, мониторираат и евалуираат квалитетот и ефикасноста на доставувањето услуги на локално ниво. 6.5.3.Организирање на обуки (4 работилници) наменети за телата на општинската администрација задолжени за мониторинг и евалуација со цел подобрување на нивната ефикасност и знаења. 6.5.4. Зајакнување на капацитетите на 30 ГО и 3-4 НВО мрежи за вршење на мониторинг врз перформансот на општините и промовирање транспарентност и отчетност при давањето Врска со Цел 16 ,,Мир, правда и силни институции, Таргет 16.6: Да се развијат ефективни, отчетни и транспарентни институции на сите нивоа. Со мерките од оваа заложба се придонесува кон унапредување на ефективноста и транспарентноста на институциите на локално ниво преку стандардизиран систем на мониторинг на услугите и учество на граѓанит . Воспоставувањето стандардизиран систем за мерење на квалитетот на животот во сите општини ќе придонесе кон добивање на постојан увид во квалитетот на услугите кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа, но и ќе ја зајакнат надзорната улога на општинските совети врз општинската администрација. Од друга страна пак, мерењата на перцепциите на граѓаните за квалитетот на услугите на локално ниво, ќе овозможат самите граѓани да учествуваат во поставувањето на приоритетни цели (услуги на кои тие им даваат приоритет) но и да го оценуваат доставувањето на услугите од страна на локалната самоуправа. - Воспоставен функционален и стандардизиран систем за мониторинг на квалитетот на животот фокусиран на локалните услуги во сите општини во државата; - Креирана база на податоци за квалитетот на животот во сите 81 општини во Република Македонија - Зајакнати капацитети на граѓанскиот сектор за мониторирање на услугите кои ги обезбедува локалната самоуправа - Зајакната надзорната улога на општинските совети врз општинската администрација при доставувањето на услуги на локално ниво. - Спроведени годишни истражувања за задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите на локално ниво. Носител на Датум на Датум на активност започнување завршување МЛС, ЕЛС, УНДП 09/2016 03/2017 МЛС, ЕЛС, ГО, УНДП 09/2016 12/2017 01/2017 12/2017 01/2017 12/2017 МЛС, ЕЛС, ГО, УНДП МЛС, ЕЛС, ГО, УНДП 65

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents