комори, здруженија и фондации општество ИНКЛУЗИВА E-маил: inkluziva@gmail.com Тел: 076 279 663,076 279 662 Состојба или проблем што се опфаќа со обврската Главна цел Кус опис на обврската Согласно Законот за локалната самоуправа во РМ секоја општина е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува. Лицата со попреченост секојдневно се соочуваат со различни бариери при вршењето на секојдневните активности: влез и користење на јавните објекти, јавниот превоз, користењето на услуги. ВЕБ страниците на општините не се прилагодени за користење од стра��а на лицата со попреченост (оштетен вид). Општините немаат назначено лице за контакт со лица со попреченост заради полесно остварување на нивните права и решавање на нивните проблеми во непосредна комуникација со локалната администрација и со локалните власти. Полесен пристап на граѓаните со попреченост до информации и услугите кои ги испорачуваат општините. 1.Прилагодување на ВЕБ страниците на општините заради обезбедување на непречен пристап и достапност на информациите за граѓаните со попреченост. (оштетен вид) 2.Определување на обучено лице за комуникација и помош на лицата со попреченост во сите општини. ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Амбиција Поголема социјална инклузија на лица со попреченост на локално ниво. Врска со Цел 1 ,, Да се сопре сиромаштијата во сите нејзини форми“, Таргет 1.3 Да се имплементираат соодветни национални системи за социјална заштита и мерки за вклучување на сите и до 2030 да се постигне оддржлива покриеност на сиромашните и ранливите. Со мерките од оваа заложба ќе се унапреди вклученоста на лицата со попреченост на локално ниво како ранлива група на луѓе. Со прилагодување на ВЕБ страниците и назначување на обучено лице за комуникација со лица со попреченост, секоја општина ќе овозможи поголема информираност, лесен пристап, ефикасност и поквалитетно доставување на услугите за корисниците со попреченост, зголемување на партиципативноста, инклузивно креирање на политики на локално ниво, како и зголемување на довербата на граѓаните со попреченост во институциите. Овозможен пристап до информации и услуги за лица со попреченост во секоја општина на Република 68

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents