Кус опис на обврската ОВП предизвик опфатен со обврската Поврзаност со Глобалните цели за одржлив развој Важност Амбиција Воспоставување на двонасочен механизам за комуникација помеѓу граѓаните и локалната администрација во решавањето на проблемите кои се во надлежност на локалната самоуправа. Како алатка која ќе ја овозможи взаемната комуникација граѓаните го користат својот паметен телефон, со кој ќе го фотографираат проблемот и директно преку апликација ќе ја известат општината. Граѓаните исто така ќе можат да следат што е тоа што надлежните направиле во врска со решавање на проблемот. Кога еднаш ќе ја инсталира апликацијата на својот паметен мобилен телефон, граѓанинот ќе има увид во сите пријавени проблеми во општината за која е заинтересиран, меѓутоа и за реакцијата на институциите. Системот не треба да се сфати само како праќање на поплаки и нивно решавање или не, туку граѓаните треба да станат активни чинители во средината каде живеат и работаат. Преку паметниот систем за пријавување проблеми, информациите за испораката на општинските услуги исто така ќе се доставуваат и до Организациите на потрошувачите, кои ќе имаат можност да се обраќаат на општините со барања и препораки, во согласност со законските надлежности. Преку користење на иновативни алатки се обезбедува двонасочна комуникација меѓу локалната самоуправа и граѓаните во прилог на обезбедување на ефикасни јавни услуги. Врска со Цел 6 „ Да се обезбеди достапно и оддржливо управување со вода и санитарни услуги за сите“ Таргет 6.1 : До 2030 да се обезбеди универзално и правичен пристап до безбедна и достапна вода за пиење и Таргет 6.2 : До 2030 да се обезбеди пристап до адекватна и правична хигиена и санитарни услуги за сите со специјално внимание на потребите на жените и девојчињата и оние во ранливи ситуации. Со мерките од оваа заложба преку активно учеството на граѓаните во идентификацијата на потребите за оддржливо користење на вода и комунални услуги ќе се унапреди квалитетот на комуналните услуги. Подобрување на квалитетот на јавните услуги преку директно вклучување на граѓаните. Зголемена транспарентност и отчетност на локално ниво, поттикнување на учеството на граѓаните и подобар квалитет на локалните јавни услуги. 6.8.1. Развој и тестирање на систем Носител на активност МКМ, ЗЕЛС, ГИЗ Датум на започнување 01/2017 Датум на завршување 12/2017 6.8.2. Имплементација на системот во ЕЛС МКМ, ЗЕЛС, ГИЗ 01/2018 06/2018 Достигнувања 70

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents